„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Скопјанец позитивен на корона вирус, се шетал во Охрид, бил и во простории на еден оператор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-ohrid

Четириесет и четиригодишниот Д.А. од Скопје заработи кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информира СВР Охрид.

— реклама —

Тој на 13 март се вратил од Австрија и потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март и во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.

По медицинскиот наод дека е позитивен, тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид.

— реклама —

Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања