Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против А.К.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во ноември 2018 година, преку е- маил на правен субјект-печатница, пријавениот навлегол во компјутерскиот систем и го избришал графичкиот дизајн и целата подготовка за печатење на изданија на две списанија, при што го оневозможил користењето на електронските податоците за списанијата. Со наведените дејствија, пријавениот причинил материјална штета на правниот субјект во износ од 336.000 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и навлегување во компјутерски систем“. На 19.06.2019 година во Неготино, во просторија од приватна фирма, пријавениот одзел паричници на две вработени, во кои имало парични средства и електронски картици. Истиот ден ги употребил електронските картици и направил 13 трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист.