Маж од Скопје со тешки телесни повреди бил примен во старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ по напад од две лица во дворот на неговиот дом. Напаѓачите му се заканувале со пиштол, а потоа физички го нападнале. Полицијата работи на расчистување на случајот.
-На 10.08.2025 во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.