Промени тема
Контакт

Скопјанец уапсен во Тетово: Ја следел поранешната партнерка и ѝ се заканувал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydg5sslf42ormbF8tUC3

Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне лишиле од слобода 30-годишен маж од Скопје, по пријава од неговата поранешна партнерка дека подолг период ја следел и ѝ упатувал закани.

Според информациите од полицијата, станува збор за С.К.(30) од Скопје, кој бил приведен на улицата „Маршал Тито“ во Тетово околу 14:45 часот.

— реклама —

„Постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 33-годишна партнерка дека подолг период ја следи, а околу 08:00 часот на нејзиното работно место ѝ упатил закани на неа и нејзиното семејство, лицето е лишено од слобода“, велат од СВР Тетово.

— реклама —

Од полицијата додаваат дека мажот е задржан во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања