Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопјанец украл неколку икони​ од црквата Св.Петка Исконска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ikoni

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 42-годишен скопјанец, кој го сторил кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 1точка 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител предложи на Судот, на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство.

— реклама —

Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога провалувајќи влегол во внатрешноста на црквата Св.Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата.  Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања