Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Скопјани ќе имаат парно“ – Бислимоски уверува дека нема да има ценовни шокови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Скопје и со постојната инфраструктура со двете топлани и без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем. Да не се шири фама дека Скопје би останало без топлинска енергија, изјави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, за монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“.

— реклама —


— реклама —

„Поентата на сето тоа е што повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целиот систем. ТЕ-ТО е важен оти ни дава топлинска енергија, која е за два и пол-трипати пониска од цената на топланите во градот Скопје“, рече Бислимоски. Регулаторната комисија инсистира тоа да биде со многу пониски трошоци и уверува дека нема да отстапат од таа цел.


— реклама —

Бислимоски појасни дека од ТЕ-ТО ќе се добие 60-70 отсто од топлинската енергија за да сочува ценовната стабилност.

— реклама —

„Нема да дозволиме ценовни шокови“, дециден е Бислимоски.


За одлуката за цената на парното греење, првиот човек на РКЕ рече дека ќе ја донесат одлуката кога ќе добијат цврсто уверување во врска со поставувањето на новите цевки под мостот „Беласица“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања