СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.О. (18) и Ѓ.Д.(19), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“.
На 06.10.2018 година на улица „,Абас Емин“, пријавените физички ја нападнале Д.Н.(76) од Охрид и и одзеле 5.000 денари и златниот накит што го носела.