Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Скопјани по 17 пат ќе даруваат крв за Голема Богородица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
DARUVANJE-KRV-2

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2019 година, традиционално по 17-ти пат организира  крводарителска акција.

— реклама —

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

— реклама —

Оваа акција веќе 16 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.

Во 2003-та година кога за прв пат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција.

Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања