Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопјанка со ножици сакала да го убие поранешниот партнер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

— реклама —

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Осомничената 46-годишна скопјанка, на паркинг на улицата „Никола Карев“, при вршење семејно насилство, со умисла се обидела да го лиши од живот нејзиниот поранешен партнер.

По претходна вербална расправија во казино, додека оштетениот играл на апаратите, осомничената во видно алкохолизирана состојба, започнала да крши чаши и да удира по апаратите за играње. Оштетениот и неговиот пријател излегле од казиното, но по нив излегла и осомничената. На паркингот го нападнала оштетениот со метални ножици и со сечивниот дел од ножиците му нанела два убоди и тоа во пределот на градниот кош – срцето и пределот на абдоменот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека има опасност осомничената да се крие односно да се даде во бегство, постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците, дека би можела го повтори кривичното дело односно ќе го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања