Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скопје 2014 е најкриминалниот проект на ВМРО-ДПМНЕ а Груевски треба да се пријави во македонските судови, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
275674074_496133758650915_6676344617483907180_n

Скопје 2014 е најкриминалниот проект за чија реализација ВМРО-ДПМНЕ задолжи генерации македонски граѓани, вели СДСМ

— реклама —

„Овој проект за задоволување на личните и бизнис интереси на Никола Груевски и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ не само што не беше за зајакнување на македонскиот идентитет и култура, туку беше своевиден културен инженеринг со директен упад во културното и идентитетско наследство.

— реклама —

Хаосот којшто ВМРО-ДПМНЕ го остави во културата е полош дури и од она што останало после Втората светска војна.

— реклама —

Речиси 700 милиони евра се потрошија на половина квадратен километар за гипс, лажен барок и споменици, само за лично богатење на поединци.

Наместо подобри услови оставија полоши услови.

По само неколку години огромен број од градбите се распаѓаат и поплавуваат. После секој дожд МНТ се поплавува. Археолошкиот музеј за кои ВМРО-ДПМНЕ и Груевски потрошија над 80 милиони евра е нефункционален а го загрозува и културното богатство и затоа мора повторно да се сели. Речиси и да немаше сегмент во културата кој не беше оставен во катастрофална состојба.

За разлика од таквиот однос, СДСМ во изминативе години вложува со сите сегменти на културата, се зголемуваат платите на вработените во културата, се зголемуваат и годишните буџети на Министерството.

Во овие пет и пол години, платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Ако еден актер во втора група имал плата од 27.579 денари, денес тој добива плата од 40.000 денари. Актер првенец земал 34.402 денари плата, а сега зема 52,061 денар.

Скопје 2014 е мегакриминален проект за кој сите одговорни мора да бидат соодветно санкционирани пред законот. А Никола Груевски треба да се пријави пред македонските судови и да понесе одговорност согласно правосилните пресуди кои му се изречени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања