Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-librarymd0ernt32ggsahnCKDm
ФБ / Орце Ѓорѓиевски

Во Скопје е отворен Центар за дневен престој наменет за лица со попреченост на возраст од 14 години и нагоре, со кој, како што истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, за првпат се обезбедува ваква услуга во градот.

Центарот е отворен во просториите на МКЦ, а на настанот присуствуваше и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Според Ѓорѓиевски, корисниците во Центарот ќе имаат пристап до психолошка и стручна поддршка, како и можност да учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности. Предвидени се и активности за развивање практични и животни вештини, социјализација и зајакнување на самостојноста и самодовербата.

— реклама —

Градоначалникот нагласи дека Центарот ќе претставува поддршка и за семејствата, особено за родителите и старателите, кои секојдневно се грижат за своите најблиски.

„Никој не смее да се чувствува заборавен, оставен на страна или помалку вреден“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека фокусот треба да биде ставен на способностите, можностите и потенцијалите на секој човек.

— реклама —

Тој посочи дека целта е Центарот да биде повеќе од простор за дневен престој – место за дружење, учење, развој, поддршка и создавање нови пријателства.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања