Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скопје е пред банкрот, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да одговори каде се парите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ по само една и пол година успеа да го доведе Град Скопје пред банкрот, вели СДСМ

— реклама —

„Секогаш кога оваа партија ќе дојде до власт и до парите на граѓаните, на Скопје му се случува катастрофа.

— реклама —

Во јавноста веќе има информации дека Град Скопје е со блокирана сметка, иако при доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска наследија полна каса, со плус 13 милиони евра на сметка, со годишен буџет од над 100 милиони евра.

— реклама —

Потрошија 100 милиони евра, а не изградија ништо, не реализираа ниту еден еден проект, не ги довршија ниту започнатите проекти.

Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска и од ВМРО-ДПМНЕ, каде се парите, каде завршија толку народни пари, дали тоа има врска со рацете во медот, со расипничко трошење на парите на народот?

Затоа Светничката група на СДСМ и коалицијата ќе побара свикување на итна седница на Советот на Град Скопје со единствена точка на дневен ред расправа за актуелната финансиска состојба во Градот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања