Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скопје е во хаос поради ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот Мицкоски, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Заради неспособностa, неодговорностa и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска, Град Скопје денес е во хаос, со блокирана сметка и пред банкрот, вели СДСМ

— реклама —

„Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот, нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација.

— реклама —

Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

— реклама —

Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.

Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања