„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
unnamed-7-1

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

— реклама —

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

— реклама —

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел“ и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.

Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022“, на која учествуваат децата од предучилишните установи.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк.

По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на нивниот Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања