Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.

Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.

— реклама —

Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да го остават ѓубрето расфрлано околу контејнерите и на булеварите – работата им оди „одлично“.

— реклама —

Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, состојбата е очајна. Дел од контејнерите преплавени, некои се празни, дел од тротоарите блокирани, миризбата неподнослива.

— реклама —

Дел од граѓаните се жалат дека не се поминува на пешачките патеки.

А институциите? Едни велат „не е наша надлежност“, други велат „ќе се среди“. Во меѓувреме, градот се претвори во отворена депонија. И тоа со денови, не со часови.

„Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“, се коментира на Фејсбук од жители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 1 седмица

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 2 седмици

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања