Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zagaduvanje-2

Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„7 години СДС е централна власт. 7 години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. 7 години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух.

— реклама —

20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе 7 години, а ниту едно евро не е суштински инвестирано за почиста животна средина или намалување на загадувањето на воздухот.

— реклама —

Ниту на локално ниво каде СДС ја имаше власта до пред една година не беше преземено ништо посуштински, не ги имплементираа ниту Заклучоците кои сами ги донесоа во Собранието.

— реклама —

Заедно со Арсовска и Левица во коалиција го гушат и Скопје. Нивниот партиски кадар, директор на ЈСП потпиша договор по тендер за набавка на гориво без вообичаениот рабат и со тоа го оштети претпријатието за 1.5 милиони евра, колку што истото им должи на приватните превозници и го остави Скопје со помал број на превозници во сред грејна сезона и голема загаденост.

Се што прави СДС е само за профит на поединци, а на штета на народот и на идните генерации, затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања