Градоначалникот на Град Скопје денеска се сретна со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Нивес Тигањ, при што разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб.
На средбата акцентот беше ставен на размената на знаења, искуства и европски добри практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во развојот на современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните.
Посебно внимание беше посветено на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, при што беше разговарано за неговата меѓународна промоција, културната размена и поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи.
Соговорниците оценија дека овој проект претставува значајна можност за промоција на Скопје како современ европски културен центар што ги обединува богатото историско наследство, културната разновидност и современото творештво.
На средбата беше изразена подготвеност за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.