Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Скопје назадува, ДПМНЕ не може една зоолошка градина да внесе во ЕУ, вели Јанчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
bejbizoo3

Само една и пол година откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Наместо да се развива, Скопје со ДПМНЕ и Арсовска назадува.

Последниот скандал е поврзан со Зоолошката градина, која во времето на СДСМ доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше.

— реклама —

Тоа што беше оставено, едно прекрасно катче за најмладите, но и за сите скопјани, ДПМНЕ го растура.

Со ДПМНЕ, наместо развој, Зоолошката градина се соочува со низа проблеми, а последно е тоа што го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини.

— реклама —

Причината е неисполнување на договорите и нереализираните проекти.

Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие власт, ова се случува - пропаѓање, нерезлизирани проекти, назадување.

Пропадна шансата за членство во престижната асоцијација, цел на која се работеше со години, а сегашната состојба значи губење на сериозна финансиска поддршка и спречување на нејзиниот развој.

— реклама —

Исфрлањето како член кандидат значи дека немаме право да аплицираме во наредните осум години и не смееме да соработуваме со ниту една зоолошка градина.

Најголема штета е што со влез на Скопје во ЕАЗА, зоолошката ќе беше независна од буџетот на Град Скопје и ќе се градеа нови проекти.

— реклама —

Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје, на чело со градоначалничка којашто ја промовираа и за која ги убедуваа скопјани да гласаат.

Нема реализација на ниту еден проект повеќе од една и пол година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 екоавтобуси, нема нови мегапаркови, а наследените проекти, како што се Универзална сала, мостот на булевар АСНОМ, БРТ не се реализираат.

ДПМНЕ не можат ниту една зоолошка градина да менаџираат и да ја внесат во ЕАЗА, а камоли да направат нешто повеќе“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања