Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Скопје прави генералка – поднесена правата кривична пријава за недозволено фрлање отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Akcija-za-cistenje-vo-Kisela-Voda-juli-2019-4

Големата акција за чистење и уредување на јавните површини која ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини денеска се одвива во општините Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Денеска е поднесена и првата кривична пријава за неовластено фрлање смет со што Град Скопје ја потврдува заложбата за почиста и поздрава животна средина.

— реклама —

- Станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините. Во секоја општина веќе се поставени по 3 пункта за одлагање кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места. Можам да кажам дека за првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град. За чистотата во нашиот град ќе се грижиме сите заедно, зашто сите заслужуваме да живееме во многу поубаво и почисто Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на денешната акција за чистење на улицата Христо Татарчев, во Кисела Вода.

— реклама —

Акцијата за чистење и уредување на градот ќе опфати расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење дрвја и косење трева и пополнување ударни дупки. Во општината Кисела Вода денеска ќе бидат расчистени неколку диви депонии, ќе се чисти Усјанскиот канал, ќе се пресечат неколку стари и исушени дрвја, а ќе бидат исчистени и повеќе улици.

На почетокот на акцијата за чистење на улицата Христо Татарчев присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

Акцијата за генерално чистење на Скопје продолжува и утре, во другите 5 градски општини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања