„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Скопје, смрдеше на отров, смрдеше на „амбуланта“, на смрт, како во гасна комора, таков е системот!, реагира актерот Михајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Коментари
toni-mihajlovski

Актерот Тони Михајловски се осврна на загадениот воздух во Скопје, посочувајќи дека градот е како во гасна комора. Потсети дека тоа трае над деценија и истото се третира како да е нормално, а не, штетно.

— реклама —

Целиот статус на Михајловски:

Бајати вести. Скопје/Козле завчера околу 23:30 мирисаше/смрдеше на отров. Смрдеше на “амбуланта”, на “болница”. Смрдеше на смрт.

— реклама —

Ги прошетав кучињата 20тина минути. Јакната ми мирисаше на отровот а и крзното на кучињата мирисаше на истото. Тоа што мирисаше можеше и да се види во воздухот. Како во гасна комора. Децата ни кашлаат, болниците се полни, се гушиме. И така е 15/20/25год?

И не ни пречи. Никому не му пречи. Можеби континуитетот го нормализира ненормалното, можеби сме заљубени во џелатот, или едноставно сме се “навлекле” на смрадот.

Додуше мене ми пречи, ама мене тоа ми е заради астмата. Отидов да си купам “дишало” Фостер, ама немав со себе копија од потврда од на мајка му фрчилото дека имам астма. Нема потврда, нема дишало. Таков е системот. А ме има во “системот” дека имам астма, ама немам потврда. Копија која треба да ја носам со себе кога сакам да земам нова пумпи*ка.

И тоа е направено така за да не се злоупотребува Фостер пумпи*ката. Можам на пример да се излечам од астма а сеуште да земам пумпи*ка и да ја препродавам. Или да ја давам на делење. По едно пафче/димче за одредена цена. Сиромав чо’ек, жив ѓа’ол. На мајка му пумпи*ката кој и да го смислил системот. Си купив Вентолин. Брка работа а и нема да станам првиот дилер на Фостер пумпи*ка во нашата земја.

Нејсе, на вести јавија дека доцнат авионите од Истанбул. Шуќур. Полесно се дише кога имаш таква информација. п.с. Се прашувам тие што го одобриле тоа, очигледно горење на нечиј отпад, дали имаат деца, и дали нивните деца дишат некој друг воздух?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања