Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Скопје во празничен ритам, се е подготвено за Новата 2026: Кирибати први ќе се збогуваат со 2025!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-librarye8ldj80ee7seb7ADA3A
ФБ

Главниот град денес пулсира во духот на „Новогодишната зимска бајка“. Програмата трае цел ден и ќе кулминира вечерва на плоштадот „Македонија“, каде што илјадници граѓани ќе ја дочекаат 2026 година со настапи на популарни домашни изведувачи.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани заедно да ја прослават новогодишната ноќ, истакнувајќи дека програмата е осмислена да ги обедини сите генерации.

— реклама —

Настапите започнуваат во 19:45 часот со Миле Кузмановски, по кој ќе следуваат Огнен Здравковски, Дина Јашари, култните Куку Леле и Тамара Тодевска. Крајот на вечерта ќе им припадне на милениците на младата публика – Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на влегувањето во Новата година ќе го одбележи Каролина Гочева.

Милиони луѓе ширум светот исто така ќе ја одбележат смената на календарот – на плоштадите, во туристичките центри, ресторани, пабови и во домовите.

— реклама —

Новата 2026 година први ќе ја поздрават жителите на пацифичката држава Кирибати – во 11 часот по македонско време, а дури утре Американска Самоа и ненаселените острови Бејкер и Хауленд ќе кажат збогум на 2025. Тие на 1. јануари во 13 часот по наше време ќе го прослават почетокот на новата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

За новогодишно китење, општините платиле 785.000 евра, најголем „трошаџија” Општина Штип

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Македонија | пред 2 седмици

media-library4qm8clatrgv23aZ2hQ2

2026 нека биде година во која ќе бидеме подобри отколку што бевме

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања