Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од септември, во скопските средни училишта ќе се оди во униформа: за сите кои се прва година ќе биде бесплатна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryq7et94hvtge99HGVBdS

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека од оваа учебна година за првпат сите ученици запишани во прва година во средните училишта ќе добијат бесплатни училишни униформи.

Според него, целта на мерката е да се намалат социјалните разлики меѓу учениците, да се намали финансискиот товар за семејствата и да се создаде еднаква, побезбедна и попријатна училишна средина.

— реклама —

„Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех, а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој истакна дека униформите ќе придонесат за воспоставување еднаков кодекс на облекување, практика која веќе се применува во бројни современи образовни системи.

„Со оваа мерка им овозможуваме на учениците целосно да се посветат на образованието, личниот развој и градењето на својата иднина. Вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради“, нагласи градоначалникот.

— реклама —

Ѓорѓиевски додаде дека вложувањето во младите е вложување во иднината и најави продолжување на мерките насочени кон подобрување на условите за образование.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања