Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Скопски општини и град Скопје земаа обврска да спречат ново заробување на дрвјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Osloboduvanje-drvja-Orce-NIkolov-1

Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности. Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени. Оваа акција и денеска се одвива во општините Карпош, Чаир и Центар каде што се работи со забрзано темпо.

— реклама —

 

-           Општина Аеродром акцијата ја заврши во еден ден. Според моите информации, во Аеродром не остана ниту едно заробено дрво и со тоа оваа општина можеме да ја сметаме за „целосно ослободена“ во однос на заробените дрвја. До крајот на акцијата очекуваме да се ослободат најмалку 200 дрвја, што е повеќе од 25% од вкупниот број заробени дрвја во Скопје – рече денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на акцијата што се спроведуваше на улицата Никола Тесла во општината Карпош.

— реклама —

 

Тој нагласи дека скопските општини заедно со Град Скопје и градските јавни претпријатија на секој можен начин ќе спречат ново заробување на дрвја на јавните градски површини.

 

-           Апелираме и до сите физички лица и компании кои изведуваат макар и најситни градежни активности да внимаваат на дрвјата бидејќи тие се едни од најважните чувари на нашето здравје и здравјето на нашите деца – додаде Салиху.

 

На денешната акција за ослободување на заробените дрвја на улицата Никола Тесла присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

 

  • Со оваа акција ослободуваме израснати и квалитетни дрвја, со што ќе овозможиме тие непречено да се развиваат. Израснатите и развиени дрвја го прочистуваат воздухот и ја задржуваат прашината и честичките за 30 до 40 проценти повеќе од помалите и неразвиени дрвја – рече Богоев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања