Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопски „Водовод“ ќе стрела: набави услуги за гаѓање на стрелиште, во чиј опис стои обука со огнено оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
vodovod-ke-strela

Скопското претпријатие „Водовод и канализација“ ќе користи услуги со опис „обука и симулации во врска со огнено оружје и муниција“, која јавна набавка ја доби најповолен понудувач. Според Системот за јавни набавки, претпријатието чија дејност е водоснабдување, направена е одлука за најповолна понуда.

— реклама —

Набавката ја доби Комората за приватно обезбедување, која ќе овозможи користење на услугата „гаѓање на стрелиште“. Проценета вредност на набавката со ДДВ е 177.000 денари, кои ќе треба да ги плати претпријатието.

— реклама —

[caption id="attachment_258840" align="alignnone" width="1000"] Принтскрин од страницата за јавни набавки[/caption]

— реклама —

Засега не е познато зошто е потребна набавката на вакви услуги. „Скопје1“ испрати прашања до портпаролката на претпријатието, како и до директорот Драган Илиевски, со кои бараме одговори, кој и зошто ќе посетува вакви обуки. Оттаму, очекуваме одговор.

Инаку, изминатиот период, претпријатието беше актуелно и по турканиците помеѓу членовите на Управниот одбор и обезбедувањето. Причината беше заклучена сала.

vodovod

Драмите во „Водовод“ немаат крај: Избила тепачка за заклучената канцеларија

Обезбедувањето на скопски „Водовод“ и членови на Управниот одбор, се степале поради канцеларија за држење состаноци. Случајот е пријавен и во полиција, од каде велат дека го расчистуваат случајот. И ова не е првпат канцеларијата да биде проблем помеѓу двата табори. И претходно, таа беше заклучена, а состанокот беше воден во ходник. Се сѐ случувало околу пладне.„На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на ‘Водовод’ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.Минатиот месец, состанокот на Управниот одбор се одржа во ходник. Имаа и за цел да го разрешат директорот Драган Илиевси, по чија наредба е заклучена спорната канцеларија. Членовите на Управниот одбор се со различни ставови од оние кои ги има градоначлничката Данела Арсовска и актуелниот директор.

Скопје | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања