„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Скопскиот аеродром го достигна рекордниот праг од три милиони патници – Николоски: „Ова беше незамисливо пред две децении“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Скопскиот аеродром денеска го испрати својот три милионити патник, што претставува највисока бројка досега постигната во историјата на македонската цивилна авијација. На свечениот настан присуствуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со раководството на ТАВ Македонија.

— реклама —

Министерот нагласи дека со ваквиот раст, Меѓународниот аеродром Скопје се позиционира како значаен регионален центар за патнички сообраќај. „Драго ми е што ова прекрасно семејство што денеска патува до Бари ја имаше среќата да биде три милиониот патник на Скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години ова било незамисливо, Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион“, изјави Николоски.

Тој посочи дека од септември минатата година до денеска се воведени вкупно 21 нова дестинација на двата македонски аеродроми. Според него, ниту една држава во регионот во истиот период нема отворено толку голем број линии. Проекциите покажуваат дека Скопскиот аеродром ќе ја заврши годината со околу 3,2 милиони патници, а охридскиот со повеќе од 300.000, односно над 3,5 милиони патници на државно ниво.

— реклама —

Николоски истакна дека бројките растат континуирано и дека во ноември е забележано зголемување од 25 проценти во однос на истиот месец лани. Овој пораст, рече тој, се поврзува и со поинтензивниот туристички промет и подобрената деловна активност.

Министерот најави дека и во 2026 година ќе продолжи проширувањето на понудата. Од 6 април ќе стартуваат линиите Скопје–Наполи и Скопје–Будимпешта, а од 28 јуни ќе се воспостават нови сезонски рути од Охрид до Катовице, Вроцлав и Милано. Ќе почне да сообраќа и редовната линија Охрид–Виена на австриската авиокомпанија.

Tој изрази оптимизам дека веќе следната година бројката од 3,5 милиони патници само на Скопскиот аеродром ќе стане достижна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda

Скопјани потрошиле рекордни 356.000 кубни метри вода за само еден ден, ЈП Водовод апелира на рационално кристење на водата

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања