Промени тема
Контакт

Скопскиот аеродром воведува ново правило од 1 септември: Бесплатното застанување пред терминалот ќе важи еднаш во 24 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarydr7ri81h3r038V5zICp

Патниците и оние кои ги пречекуваат или испраќаат од Меѓународниот Аеродром Скопје треба да внимаваат на новите правила за користење на зоната „Hug & Fly“, кои стапуваат во сила од 1 септември 2026 година.

ТАВ Македонија соопшти дека зоната пред терминалната зграда и понатаму ќе овозможува бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање или преземање патници. Сепак, според новиот режим, едно возило ќе може да ја користи оваа можност само еднаш во текот на 24 часа.

— реклама —

Со автоматското препознавање на регистарските таблички ќе се контролира пристапот на возилата, со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и да се избегне задржување пред терминалот, особено во периодите со зголемен број патници.

За оние на кои им е потребно подолго задржување, останува достапен големиот паркинг пред терминалната зграда. На располагање има 1.200 места за автомобили и шест места за автобуси.

— реклама —

Од ТАВ Македонија велат дека промената има цел да овозможи побезбеден и поефикасен пристап до терминалот, како и непречен проток на возила.

— реклама —

Подетални информации за правилата и цените за паркирање подолго од дозволените 10 минути во зоната „Hug & Fly“ се достапни на официјалната веб-страница на скопскиот аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања