Скопските градоначалници на нозе: Најава за кривична против Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
centar-skopje-2

Градоначалниците бараат итно решавање на проблемот со отпадот во Скопје.

— реклама —

Советот на Скопскиот плански регион донесе одлука да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена. Градоначалниците апелираат Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

— реклама —

Тие ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска веднаш да најде решение за проблемот и да не го остава градот блокиран. Побараа Дрисла да ги отвори рампите за да може нивната механизација да продолжи да работи. Градоначалникот на Центар, Горан Герсимовски рече дека тие немаат големи камиони за да го подигнат отпадот од контејнерите од булеварите, но дека со таа механизација што располагаат, ќе сработат тоа што можат.

— реклама —

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ пак ја повикаа градоначалниката Данела Арсовска да поднесе оставка. Велат дека со месеци слушале демагогии од градоначалничката, но дека граѓаните не ги интересира што е проблемот, туку градот да им биде чист, зошто за тоа плаќаат.

„ Ги повикувам од Дрисла да ги отворат рампите за да ова го сработи некој кој е способен. Никој од нас не штити никој што не одел на работа, но не може на сметка на 20-30 луѓе цел град да биде заложник. Факт е дека во моментов 1200 луѓе во Комунална не работат ништо. Никој не може да се блокира градот заради сомнеж за нешто“ рече градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.

Тие велат дека немаат ингеренции да го решат проблемот, но дека нема да се повлечат и ќе бараат законско решение. Ако нема постапување најавија кривична пријава против Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања