Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопските и гостиварските гимназијалци протестираат пред владата против загадувањето на воздухот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
protest-srednoskolci-vlada-zagaduvanje-864x420

Група средошколци од средни училишта од Гостивар и Скопје, денеска се собраа пред Владата и со танц театар, кој го изведоа, го изразија својот револт од состојбата со загадувањето и непреземањето мерки за заштита на децата и младите.

— реклама —

Тие бараат сите надлежни институции да преземат конкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ 10 честичките и ПМ 2,5 во воздухот, со кои Скопје, Тетово, Битола и други градови рушат рекорди во загаденост, а Македонија, како што велат, стана најзагадена земја во Европа!

— реклама —

-Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа! Од загадениот воздух најмногу страдаат децата. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи. Децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена, велат од Првата детска амбасада во цетот „Меѓаши“ која го поддржа перформансот.

— реклама —

Децата во раниот детски развој се немоќни било што да променат, посочуваат оттаму, а Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат. Затоа бараат надлежните да преземат итни мерки за надминување на проблемот со загадувањето. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања