Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скопското обвинителство предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
skopje-2

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за определување казнени налози против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за тоа.

— реклама —

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за обвинетите за изрече парични казни од 100 днбевни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања