Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Шкотска елиминирана, селекторот Кларк веднаш си замина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-librarycneo095s86kr2dXIwCa

Стив Кларк поднесе оставка на местото селектор на Шкотска.

Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор со островската репрезентација, тој донесе одлука веднаш да се повлече по математичката елиминација на Шкотска во групната фаза од натпреварувањето.

— реклама —

Кларк ја напушта клупата како најуспешен шкотски селектор во модерната историја. Во текот на седум години на функцијата (од мај 2019 година), го трансформираше националниот тим и го врати на големата мапа на светскиот фудбал. Ја одведе Шкотска на Мундијал првпат од 1998 година и успешно ја квалификуваше репрезентацијата на Евро 2020 и Евро 2024.

— реклама —

Тој го презеде тимот кога беа во четвртиот шешир на ждрепката за квалификации, а ги доведе до вториот шешир и првата позиција во квалификациската група за овој Мундијал.

— реклама —

„Најемотивниот дел од ова збогување е поврзан со моите играчи, без кои не би ги создале сите овие спомени од 2019 до денес. Заслужуваат сите пофалби и беше вистинска чест да бидам нивен селектор. Ви благодарам и среќно на мојот наследник“, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања