Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Скрин Медиа во 2021 на ДУИ ѝ продала рекламен простор, па ѝ донирала пари за локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
m

Рекламни паноа и билборди фирмата „Скрин медиа“ ѝ изнајмила на ДУИ за време на локалните избори во 2021, а истовремено таа година, била еден од најголемите донатори на партијата, пишува „Телма“. Директор на „Скрин медиа“ е Елмедин Адеми, кој е и прв човек на фирмата „Еуровиа“, која е во фокусот на јавноста откако го доби тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември.

— реклама —

„Скрин Медиа“ како што покажува годишниот извештај за донации за 2021, на ДУИ ѝ донирала речиси 20 илјади евра. Додека пак фирмата од партијата за своите услуги наплатила речиси 34 илјади евра и дополнителни околу 3000 евра за изборите за Совет на Општина Тетово кои се одржаа наредната година. „Скрин медиа“ за потребите за изборната кампања за локалните избори била ангажирана од сите партии, но само на ДУИ и донирала пари.

— реклама —
— реклама —

Законот забранува политички партии да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор“.

— реклама —

Во изминатите три години, Адеми и фирмите блиски до него – „Еуровиа“,„Скрин медиа“,„Виаком“, „Талента“, „Енеа“ и „Адел“, ѝ донирале на ДУИ скоро 160 илјади евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања