Синдикатот на културата реагира по разрешувањето на директорот на Националната установа Театар Гостивар, обвинувајќи за реваншизам од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Од СКРМ велат дека разрешувањето доаѓа откако во оваа институција биле донесени правосилни судски пресуди во корист на вработените во културата и нагласуваат дека судските одлуки мора да се почитуваат.
„Правосилните судски пресуди во корист на СКРМ и вработените во културата беа донесени во Националната установа Театар Гостивар.
И токму таму, вчера, по брза постапка беше разрешен директорот
Сега основано се поставува прашањето
Дали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониран
Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат. Платите на вработените во Театар Гостивар мора да бидат исплатувани согласно судската одлука без разлика дали тоа му се допаѓа на министерот или не
Министерот претходно разрешуваше Управни одбори, кога носеа Одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори донесат одлуки по негова желба. Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него.
Кога ја имаш власта се можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината!
Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина.
А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат.
По нив мора да се постапува, министре.
И тука не се декларира никаква политика како што велите,туку судска одлука министре!“, велат од Синдикатот на културата.
![]()
Синдикатот на културата поднесе кривична до Љутков: Кога функцијата ќе удри во глава, тогаш законот мора да приземји
На денешната прес-конференција на претставниците на Синдикатот на културата, пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава до министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос.Секако оваа кривична пријава ја поднесуваме со жалење, не затоа што се сомневаме во нејзината оправданост, туку затоа што станува збор за човек кој до неодамна беше и еден од нас, колега, член на синдикатот и соучесник во
Македонија | пред 3 месеци
![]()
Љутков: Тврдењата за злоупотреба на службената положба се неосновани и неточни, синдикатот бара незаконска пресметка на платите
Денес Синдикатот на културата објави дека поднел кривична пријава против министерот Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос.Министерот Зоран Љутков ја нарече срамна прес-конференцијата на Синдикатот на културата и изјави дека тврдењата против него се неточни и паушални.Сакам недвосмислено да нагласам дека како министер, секогаш стојам на страната на учесниците во културата и се залагам за заштита на нивните права. Никогаш не сум постап
Македонија | пред 3 месеци