Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Скршени ребра и крварење во главата: Жена претепана од сопругот е во животозагрозувачка состојба на КАРИЛ – мажот е приведен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
ambulanta

Жена од Гостивар се наоѓа во животозагрозувачка состојба и е хоспитализирана на интензивна нега на КАРИЛ во Скопје, откако, според информациите, два дена била физички малтретирана од сопругот.

— реклама —

Таа има скршеници на ребрата, крварење во главата и бројни повреди по телото. Засега дише самостојно.

— реклама —

Случајот го пријавил нејзиниот татко, по што жената била пренесена од гостиварската болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од Обвинителството информираат дека осомничениот е обезбеден и дека се преземаат мерки за итно прибирање докази. Во постапката се вклучени и полицијата и Центарот за социјални работи.

— реклама —

„Правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите. Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи.“, вели Обвинителството.

— реклама —

Правната квалификација на делото ќе биде утврдена врз основа на собраните докази, посочуваат од Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања