Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СКТМ: Владата да субвенционира, патниците да добијат ваучер за патување на една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SKTM-2

Не сакаме да предизвикаме паника, туку бараме реално решение за туристичките агенции, бидејќи овој сектор е веќе во колапс, велат од Стопанската комора за турзам на Македонија. Според нив сите патници кои уплатиле патување и не е реализирано поради моменталната пандемија од вирусот COVID-19, да добијат ваучер кој ќе е во времетрање од една година а од Владата да го субвенционираат авионскиот превоз доколку бил вклучен во аранжманот, се вели во соопштението од Стопанската Комора за Туризам на Македонија –СКТМ.

„Како Комора сметаме дека најдоброто решение за сите нас, Туристичките агенции да издададат ваучер на сите корисници на услуги со кои имаме Договор и да го искористат во текот на 12 месеци. Она што нам ќе ни биде од особено значење Владата во кризните мерки да го вклучи и субвенционираните авионски билети во кои биле предвидени во аранжманите“ потенцираат од СКТМ.

— реклама —

Поддршка за ваквото решение тие го очекуваат од Владата поточно од Министерство за економија и Министерство за финансии со кои усно е разговарано, но исто така е потребно разбирање од корисниците.

— реклама —

„Доколку не наидеме на разбирање од сите страни дефинитивно сме приморани да ставиме клуч на врата. Препорачуваме до завршување на периодот на вонредната состојба и одлуките на Владата во услови на криза, корисниците на услуги да се воздржат од откажување на Договорите за патување и услуги кои треба да се реализираат во наредниот период, како и барања за исплата на побарувањата по основ на откажување. Веруваме во разбирањето на клиентите и мерките кои во интерес на сите нас да ги донесе Владата“ додаваат од СКТМ.

— реклама —

Во Стопанската Комора за Туризам на Македонија –СКТМ, членуваат правни субјекти од секторите туристички агенции и туроператори, хотелско-угосителски објекти, патничкиот превоз, туристички водичи и придружници, како и сектор на образовни институции и асоцијации од туризмот, се вели во соопштението од Стопанската Комора за Туризам на Македонија –СКТМ.

фото: СКТМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања