Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Слаѓана Митовска: Критики од Европската Комисија и на полето за социјалната заштита и вработувањетo

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slagana

Република Македонија, како и на сите останати полиња, така и на полето на социјалната заштита и вработувањетo бележи критики од Европската Комисија. Извештајот на Комисијата е доказ дека власта во изминативе две години нема направено ништо за подобрување на социјалната заштита, истакна Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Европската Комисијата констатира дека државата е половично подготвена на полето на социјаната политика и вработувањето. Тоа значи дека се потребни уште многу мерки и реформи за да имаме било каков резултат. Наместопразни ветувања, власта треба да се насочи во она малку време кое и преостанува на реформи и подобрување на условите на сите полиња.

— реклама —

Комисијата посочува дека недостасува поголемо финансирање на програмите за вработување и социјалните реформи.

— реклама —

Во време на ВМРО-ДПМНЕ програмите за вработување беа посеопфатни и поголеми, што допринесе за разлика од сега да се вработат над 150.000 луѓе. Од ЕУ констатираат и тоа што ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период го предупредува, а тоа е дека сиромаштијата останува и е сериозен проблем.

— реклама —

Имено на ова поле според одредени истражувања над половина милион граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

На виделина излегува и неспособноста на функционерите на власта, кои наместо да ги менаџираат институциите со кои раководат си ги вработуваат роднините на места во јавната администрација. Имено Комисијата нотира дека соработката помеѓу институциите кои го спроведуваат законот за работни односи е многу слаба.

Во целост овој извештај посочува на низа пропусти и неспособности на оваа власт во доменот на социјалата и вработувањето. Зоран Заев и Мила Царовска мора да понесат одговорност за ваквите состојби и треба да бидат први на удар на метлата, која мора да го исчисти СДСМ од власта истакна Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања