Славчо Попоски: Следува брза промена на времето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

До крајот на денов како и во текот на ноќта од југозапад облачноста над нашата држава ќе се зголемува и во западните, југозападните и во јужните предели ќе има локални врнежи од дожд, на високите планини (над 2000 метри) ќе има услови и за слаби врнежи од дожд.

— реклама —

Услови за слаби локални врнежи од дожд и тоа претежно на југот од државава ќе има и утре (четврток) додека од петок ќе продолжи периодот на претежно стабилно, суво и натпросечно топло време во текот на денот додека наутро ќе биде студено па така на некои места температурите ќе се спуштаат под нулата.

— реклама —

Поради релативно тивкото време во текот на следниот период во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

— реклама —

Максималните дневни температури на воздухот следниот период ќе се искачуваат во интервалот претежно од 13 до 20 степени.

Како што соопшти и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.

Температурата во Скопје со утринска температура од пет, а дневна од 17 степени.

Најстудено ќе биде во в понеделник и вторник, со утринска температура од минус три степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања