Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Славески: Бојкотот нема да успее и Република Македонија ќе добие компетентен претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
SLAVESKI0

,,Заговарачите за бојкот, со намера да предизвикаат неуспех на изборите за претседател на Република Македонија и да ја втурнат земјата во хаос, очигледно знаеле нешто од областа на бихејвиористичката економија.

На одлуката на луѓето при изборот во голема мера влијае начинот на презентација на алтернативите. Во науката овој ефект е познат како “врамување” (framing effect).

— реклама —

Во случајов секој гласач што дошол на избирачко место да го оствари своето право на глас требаше да биде понуден да гласа за претседател и за членови на Парламентот. При тоа, до колку сака, може да земе само едно од понудените две гласачки ливчиња, како сопствен избор.

— реклама —

Наместо ова, мнозинството во ДИК, што го сочинуваат претставници од партиите на сѐ уште постојното владеачко мнозинство, манипулативно и со намера да ја намалат излезноста на изборите за претседател, дале насоки избирачките одбори да ги прашуваат гласачите за кои избори сакаат да гласаат.

— реклама —

Зошто немаше вакви прашања на Локалните избори во 2021 година? Никој не нѐ праша дали сакаме да гласаме само за градоначалник или и за листите на советници! Секој гласач под default ги добива сите гласачки ливчиња, а негово/нејзино право е да одлучи за што ќе гласа, или ќе врати некое од ливчињата назад непополнето.

Направен е преседан за кој е потребно објаснување.

За среќа, судејќи според излезноста до 15:00 часот, бојкотот нема да успее и Република Македонија ќе добие компетентен претседател. Заговорниците на бојкотот ќе бидат посрамени и дефакторизирани!”, напиша Трајко Славески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања