Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Славески: Ние сакаме да го достигнеме периодот кога Македонија беше побезбедна и економијата беше на прво место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slaveski

Ние со тимот од политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја продолжуваме акцијата, турнејата како што кажа нашиот претседател за Обнова на Македонија, за Република Македонија да тргне по вистинскиот пат не по правиот пат, тоа е србизам.

Знаеме дека состојбите во Македонија не се добри и за жал од ден на ден се вложуваат. Владата на СДСМ ја прогласи 2019 година откако две третини од годината поминаа наводно за економска година, настојуваат да не убедат дека била најдобрата во последните 15 години а тоа не треба да биде човек кој знае колку образован за да виде дека тоа не е така, дека ние сме имале години со подобар животен стандард и со подобар економски раст во Република Македонија, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Ние сакаме да го достигнеме тој период кога Република Македонија беше побезбедна, кога економијата беше на прво место и кога се постигнуваше висок економски раст.

— реклама —

Ние сме загрижени за безбедноста на граѓаните. Внимавајте во период кога ние сме во Тетово, во период кога имаме релативно стабилни меѓунационални односи, не е разбирливо како луѓето не се чувствуваат безбедни по улиците, по домовите, по кафеаните, по болниците, полицајци се напаѓаат и вакво нешто не сме имале и малку е чудно како владата не е  способна да воспостави нормално живеење или да постигне нормално живеење на граѓаните.

— реклама —

Тука сме да собереме мислења, идеи, предлози од граѓаните како што тоа го правиме секогаш во минатото, ние имаме подлога, имаме визија како на економски план, затоа што економските прашања и прашањата на вработувањето, животниот стандард  се она што најмногу ги засега граѓаните да понудиме една програма која што ќе ја поттикне економијата кон побрз раст, а тука ни се неопходни корекциите и предлозите од македонските граѓани и затоа како што гледате ја крстосуваме Република Македонија и денес тоа го правиме во Тетово.

Без разлика што ќе биде одлуката на 15, 17 овој месец на Европскиот совет затоа што е многу неизвесно дали Република Македонија ќе добие датум, каков датум, чист со услови и така натаму, сакам овдека да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период на секој можен начин придонесувала без разлика дали е на власт или во опозиција за остварување на Евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Доколку ја добиеме довербата на граѓаните, на идните парламентарни предвремени избори верувајте ние ќе создадеме тим кој што до тој степен ќе го забрза процесот доколку добиеме датум за преговори, што ќе го скратиме не за месец, туку за години на приближување на Република Македонија кон стандардите на Европската унија, она што го заслужуваат македонските граѓани, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

          Прашање, новинар: Дали бевте и во другите градови и кои се предлозите?

            Одговор: Да веќе јас предводев ти м во општина Петровец минатата сабота, во викендите одиме во населени места, во текот на работните денови исто така претседателот беше во Битола и во Ресен. Најмногу граѓаните ги засегаат прашањата околу вработеноста, работните услови, животниот стандард, растот на економијата  и прашања кои што се од безбедносен карактер. Јас намерно не спомнав она што можеби е во првите приоритети, а тоа е воспоставување на вистинска правна држава, владеење на правото за што ќе се бориме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања