Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Славески: Советот на Град Скопје работи во интерес на граѓаните, а Арсовска мора да разбере дека ништо не може да направи без Советот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
SLAVESKI0

„Мислам дека треба на градоначалничката треба да разбере дека мора да продолжи да функционира, граѓаните од неа очекуваат во наредниот период резултати кои што засега ги нема. А, не може ништо градоначалничката да направи без Совет на Градот Скопје. И покрај се нели, и јас како претседател на Советот и Совет на Град Скопје, не заради Арсовска туку заради граѓаните сме подготвени на кохабитација во овој случај би се рекло на соработка и да дискутираме, да подобруваме, да одобруваме предлози што доаѓаат и од Кабинет на градоначалник кој што засноваат проекти издржани во програмата и се разбира да работиме во интерес на граѓаните“, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

— реклама —

Тој посочи дека Советот на Град Скопје работи во интерес на граѓаните и поради тоа на седниците кои што се одржуваат има 100-тици и 100-тици одобрени проекти и дискутирани точки.

— реклама —

„Во никој случај Советот на Град Скопје ја нема блокирано градоначалничката“, нагласи Славески.

— реклама —

Во текот на гостувањето претседателот на Советот на Град Скопје истакна дека ќе побара извештаи од Управните одбори за да се појасни на јавноста за работата на директорите на јавните претпријатија.

„На ниво на Град Скопје се делигирани и назначени учесниците во одборите и се назначени од Советот, каде што мнозинството има одлучувачка улога. И тука сакам да спомнам дека еве јас размислувам и ќе побарам на правен основ вонредни извештаи во однос на овие неколку претпријатија каде што беа изнесени обвинувања за директорите, за оние кои што беа разрешени и оние кои што си поднесоа оставки. Значи ќе побарам вонредни извештаи од Управните одбори, затоа што функцијата управување преку членови на Управни и Надзорни одбори е во надлежност на Советот на Град Скопје“, истакна Славески.

„Барем на јавноста да и објасниме како е можно кога сме добивале позитивни извештаи од јавните претпријатија мислам на „Градски паркинг“, „Водовод и канализација“ и „Дрисла“ одеднаш да не и чини работењето на градоначалничката. Во тие извештаи одборите укажуваат на заштеди, на проекти, подобрување на работата рационализација итн., а сега наеднаш да се каже дека директорите не ги задоволувале очекувањата на градоначалникот. Така што мислам дека ќе го искористиме ова мнозинство што го имаме во Управните одбори работите да бидат појасни за граѓаните“, појасни тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања