Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Славева: Почина предвреме родено бебе, причина крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
maja-slaveva

Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство. Резултатот на неговата неспособност се човечки жртви! Последната вест е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство. Причина се условите, поточно крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти и сали, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника?

— реклама —

За жал ова за вас е само еден во низата смртни случаи поради лоши услови на клиниките и здравствените установи. Ова е скандал!

Министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Доцни со мерките затоа последиците се такви!

— реклама —

Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви! Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои!

Цената на лошото министерување е преголема. Токму затоа министерот Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш, истакна Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања