Славјанка до Драган: Извини се или ќе тужам!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
51826955455_428e5125a5_k

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека ќе го тужи Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ кој денес ја обвини дека во анкетниот лист не пријави луксузна хациенда со базен во Радишани. Петровска вели дека обвинувањата за непријавен имот се лага и груба манипулација.

— реклама —

„Имотот кој бегалецот Ковачки го посочи, никогаш не сум го поседувала. Единствено што поседував е плац кој со уредни договори за купопродажба е отуѓен односно продаден пред повеќе од десетина години. Безбедњакот, поранешниот воен разузнавач, кој беше дел од сценариото за 27 април и кој ги извиси и се огради од оние што ги поттикна на насилство има рок од 24 часа да се извини за овие невистини, во спротивно ќе му биде поднесено тужба за клевета, а парите ќе ги донирам за жртвите од владењето на неговиот Никола Груевски. Го повикувам да се извини на семејството кое е легален и чесен сопственик на овој имот и да престане со нивните стари навики на незаконско следење и фотографирање. Жалам што Ковачки бега да зборува за успесите на Армијата туку одбра да се занимава со конструкции против мене ама ова дрско и бескрупулозно однесување од негова страна нема ниту да ме заплаши ниту да ме поколеба да ја зборувам вистината“, рече министерката Петровска на прес конференција организирана исклучиво за да одговори на обвинувањата од Ковачки.

— реклама —

Ковачки, исто така на прес конференција, како дел од аферата „Тајни имоти – што крие власта од народот?“, објави дека министерката Петровска има непријавен луксузен имот во Радишани со објект кој е дивоградба. Ковачки побара министерката да ја донира луксузната хациенда здруженијата на бранители од 2001 година и веднаш да си поднесе оставка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања