Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и има проблем со концентрација, рече Ковачки покажувајќи документ од психијатар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dragan14022023

Пратеникот Драган Ковачки денеска на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист-психијатар, според кој министерката за одбрана Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.

— реклама —

„На министерката за одбрана согласно извештај од специјалист од психијатар, цитирам: И се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала. Почитуваната министерка според извештајот, чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и цели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир и нарушен сон. Министерката сама доброволно се јавила за преглед и доброволно ги вршела психијатриските прегледи, се констатира дека има оптеретен мисловен процес. На министерката и е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, рече тој на собраниската говорница.

— реклама —

Според Ковачки не може да му се издаде безбедносен сертификат на лице кое страда од ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци на неговото расудување или доверливост и може да го направи лицето потенцијален безбедносен ризик .

— реклама —

„Министерката не искористила ниту еден ден боледување, одела на работа и не чувствувала потреба да поднесе оставка и покрај констатираниот наод , а премиерот може и да не знаел дека во Владата има таков министер.

Тој го праша Ковачевски дали смета дека поради сето ова Петровска треба да биде разрешена.

Министерката Петровска порача дека е здрава и стабилна да одговори на сите прашања, исто како што е здрава и стабилна да одговори на сите лаги кој пратеникот упорно ги изнесува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања