„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Следната недела почнува скрининг тестирање за коронавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-2

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.

— реклама —

Со скринингот, кој ќе се прави со PCR тестови, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови. Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во натамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус. Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку МојТермин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите насистемот на дневна база.

Брисевите ќе се земаат во постојните пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории. Стратегијата на Министерството за здравство од почетокот на епидемијата беше да се тестираат пациенти со симптоми и согласно оваа стратегија работевме целиот овој период. Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација што беше наша примарна цел. Тоа што во изминатите денови имаме намален број на тестирања е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува што уште еднаш ја потврдува успешноста на досегашните чекори.

— реклама —

Министерството за здравство во оваа прилика уште еднаш категорично ги отфрла обвинувањата на опозицијата за намален број на тестови во политички цели. Тестирањето ќе продолжи по новата методологија и согласно препораките на епидемиолозите.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања