Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Следната недела започнува исплатата на јануарските пензии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
fond

На вчера одржаната владина седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година.

— реклама —

Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, при што се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.01.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

— реклама —

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);

— реклама —

за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);

за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и

— реклама —

за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.02.2023 година (четврток).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања