Промени тема
Контакт

Следува и раст на пензиите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
penzija

Грижата за работниците е еден од врвните приоритети на СДСМ бидејќи тие се нашата најголема вредност, вели СДСМ

„Успеавме и во време на економска и енергетска криза да обезбедиме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Ова законско решение е резултат на конструктивен социјален дијалог меѓу новата Влада предводена од СДСМ, синдикатот и работодавачите.

— реклама —

За само четири и пол години двојно ја зголемивме минималната плата, којашто во 2017 изнесуваше само 8.800 денари.

Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати. Следува и ново зголемување на пензите откако со редовно законско усогласување минатиот месец се зголемија за 2.9 отсто.

— реклама —

Во тек е дијалогот со сите засегнати страни за нова методологија која ќе овозможи континуиран раст на пензиите во иднина.

— реклама —

Преку навремени и ефикасни мерки и политики го подобруваме економскиот стандард на работниците и на околу 330.000 пензионери.

СДСМ останува посветена на унапредување на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања