Промени тема
Контакт

Следува рекордно зголемување на пензиите и дополнителна финансиска помош за околу 330.000 пензионери, вели Тасевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17.03.2022-Tasevska

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со вистинска грижа за пензионерите, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

„Вчера, во Собранието беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со што обезбедуваме одржлив и континуиран раст на пензиите.

Со новиот Закон, пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од пораст на просечната плата во државата, согласно податоците од Државниот завод за статистика.

Новата методологија ќе започне да се применува од септември оваа година, а усогласувањето ќе се прави како и сега двапати во годината, во месеците март и септември.

— реклама —

Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари.

— реклама —

Дополнително, како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер на својата пензија ќе добива дополнителни 1.000 денари со цел да се заштити економскиот стандард во време на криза.

Новото законско решение обезбедува одржлив и континуиран раст на пензиите.

— реклама —

Покачувањето на пензиите веќе никогаш нема да зависи од политичката волја на владејачките партии, како што тоа беше пред неколку години.

Остануваме посветени на мерките и политиките преку кои на дело ја потврдуваме вистинската грижа за сите категории граѓани“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања