Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Слобода доби експретседателот на ДИК, Дерковски, оти домаќински постапил кога го набавил софтверот за избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Судијата Илија Трпков ги ослободи од вина експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски и тројцата членови на Комисијата за јавни набавки кои го набавија софтверот за изборни резултати. Според него, нема ништо погрешно во купувањето на софтверот преку тендерот. Според судот, нема умислено и штетно постапување на обвинетите и доказите не покажале дека имало умисла. Судијата Трпков оценил дека имало домаќинско работење кај обвинетите, бидејќи е избрана поевтина понуда.

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„За овие дејствија, обвинетите се ослободуваат од обвинение, бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека ги сториле кривичните дела“, рече Трпков.

— реклама —

Судијата објасни зошто донел ваква пресуда.

„Од изведените докази, не се докажа постоење на умисла за штетно постапување на обвинетите кое им се става на товар. Била извршена евалуација на понудите и бил избран најповолниот економски оператор. Според судот, неосновани се наводите дека е сторена повреда на постапката за јавни набавки и дека договорниот орган постапил спротивно на Законот за јавни набавки, во ситуација кога понудата на избраниот најповолен понудувач била прифатлива и избрана за најповолна, иако според јавниот обвинител е неприфатлива. Членовите на Комисијата за јавни набавки постапиле согласно насоките од Државната комисија по жалби од јавни набавки“, кажа Трпков.

Објасни кои елементи требаат за да делото биде сторено.

— реклама —

„Јавни набавки се инструмент со кои институциите купуваат услуги и работи, а се едни од најсериозните финансиски интеракции и затоа се проследени со најразлични коруптивни поведената. Коруптивните поведенија се својствени за сите современи држави, без разлика на системот. Фаворизирање на незаконски придобивки преку злоупотреба на службени овластувања, претставува кршење на демократските вредности, што е спротивно на јавниот интерес. При одлучување, судот ги разгледа сите аспекти на предметните постапки. Основано се поставува прашање, дали постојат докази за исполнување на битието на кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите? При оценка и анализа на доказите, судот анализираше дали обвинетите ја злоупотребиле службената положба за да прибават имотна корист или нанесат штета, ако тоа го направиле – од што биле мотивирани? И дали постоела умисла како субјективен елемент? Сите елементи треба за да биде остварено законското битие за кривичните дела и тие да бидат огласени за виновни“, кажа Трпков.

Објасни дека најголем број од доказите на странките се прифатени и ценети, поединечно и во целина.

„Овој предмет како и сите предмети во кои постапував, го разбрав како предизвик да покажеме дека македонското судство има капацитет да ги овозможи сите процесни права и да донесе пресуда која ќе ја оценуваат и повисоките судови. Задоволство ми е што во постапката немаше примедби од одбраната и Обвинителството за почитување на нивните права. Судот прифати најголем број предложени докази од странките“, рече Трпков.

— реклама —

За набавката на софтверот за резултати од изборите, обвинети се тројцата вработени во ДИК бидејќи биле членови на Комисијата за јавни набавки. Според обвинението, со неизвршување на своите службени должности, при купувањето на софтверот по пат на тендер,не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Потоа, претседателот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Се наведуваше дека постапката била поништена па повторена, со умисла друга фирма да го добие тендерот. Според обвинението, буџетот бил оштетен за 21 илјада евра.

Прашањето како се набавил софтверот беше актуелно, откако вечерта на денот на парламентарните избори, падна веб страната и апликација на ДИК на која се објавуваа резултатите. ДИК тврдеше дека е поради хакерски напад. Кој го нарачал и кој извршил до денес не е познато, иако и за ова веднаш беше отворена истрага. Оливер Дерковски беше претседател на Државната изборна комисија по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања