Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Словенечкиот претседател Пахор денеска во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-3-2

Претседателот на Република Словенија Борут Пахор во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија, денеска ќе престојува во Охрид.

Заедно со претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид.

Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта" и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата „Света Софија".

— реклама —

Вчера во Скопје, на првиот ден од официјалната посета, претседателот Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас".

— реклама —

Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев.

 

— реклама —

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања