Промени тема
Контакт

Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
direktor

Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал, Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба, информираат од фестивалската дирекција.

— реклама —

На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.

— реклама —
— реклама —

Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на вчерашната средба го најави и неговото присуство на 59-тото издание на „Охридско лето“, додаваат од фестивалската дирекција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања