Случаи на шуга во касарната во Велес: војниците пуштени дома, се отворија прашања за условите и хигиената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
makedosnki-vojnik

Кај најмалку двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест шуга, информираа од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата, во координација со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини викендов се пуштени дома, а во понеделник во касарната треба да се вратат сите, освен двајцата кај кои е потврдена дијагнозата.

— реклама —

Од Армијата соопштуваат дека во соработка со Воено-медицинскиот центар се преземени сите неопходни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето, дека е спроведен епидемиолошки надзор и дека се постапува строго согласно препораките на здравствените стручни лица. Во соопштението се наведува дека сместувањето, хигиената и капењето на војниците се организирани и регулирани согласно Правилото за сместување и ред во Армијата, дека просториите биле комплетно дезинфицирани пред приемот на персоналот, како и дека на користење биле дадени чисти и испрани постелнини и ќебиња.

— реклама —

Паралелно со официјалните информации, професионални војници од касарната, кои инсистираат на анонимност, изнесуваат поинаква слика за состојбата. Тие тврдат дека бројот на лица со симптоми и во изолација е поголем од официјално соопштениот и дека дел од нив биле упатени и на болнички прегледи. Според нивните наводи, симптомите – силно чешање и осипи – се појавиле пред десетина дена, но првично не биле сфатени сериозно, сè додека кај некои од војниците не се појавила и покачена температура.

— реклама —

Војниците тврдат дека условите за хигиена во касарната биле несоодветни, со недостиг од топла вода и дотраена постелнина, поради што биле принудени сами да се снаоѓаат за основни хигиенски потреби. Тие изразуваат загриженост дека со пуштањето дома постои ризик болеста да се прошири и надвор од касарнските капацитети, особено имајќи предвид дека симптомите на шугата можат да се појават и неколку недели по заразувањето.

Од Армијата ги отфрлаат тврдењата дека заразата настанала во касарната и нагласуваат дека веднаш по дијагностицирањето биле активирани сите здравствени протоколи. Оттаму појаснуваат дека станува збор за новопримени војници примени на крајот на декември и дека во изминатиот период биле реализирани бројни активности со ангажман на голем број припадници на Армијата и странски вооружени сили, без да биде евидентирана појава на ваков тип заболување. Како пример се наведуваат големата ситуациска вежба „Seven Stars 2025“ во касарната во Велес, со над 150 домашни и странски учесници, како и вежбата „Immediate Response 25“ на полигонот Криволак, каде во теренски услови биле сместени над 2.200 припадници, без појава на заразни кожни заболувања.

Од Министерството за одбрана велат дека постапуваат согласно барањата и проценките на Армијата и дека за конкретниот случај ќе се преземат сите дополнителни мерки според насоките на Воено-медицинскиот центар.

Шугата, позната и како скабиес, е заразна кожна болест предизвикана од паразит кој се вовлекува во кожата, а симптомите најчесто се јавуваат од четири до шест недели по контакт со заразено лице. Случајот во велешката касарна повторно го отвори прашањето за условите за престој, хигиената и навременото препознавање на здравствените ризици кај новопримените професионални војници, како и за ефикасноста на превентивните механизми во армиските капацитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryosi6pv1mkuh58M6l0fZ

(ВИДЕО) Ванс им одржа говор на војниците: Кој ја сака мисирката? Пилешкото секогаш е добро

Свет | пред 2 месеци

kim-vojnik

(Видео) Ким плаче и ги прегрнува војниците, прв пат ги признава загубите кај Курск: „Простете ми“

Свет | пред 5 месеци

siljanovska-davkova-arm-1

Војниците со децении на определено – Комисијата утврди индиректна дискриминација

Македонија | пред 6 месеци

mkd-566762

Каква корист има Северна Кореја од испраќањето свои трупи во војна против Украина?

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања